Често поставувани прашања
Нашите слики од производите се висококвалитетни 3D рендери кои точно го прикажуваат изгледот на производот со приближно 99% точност. Сепак, поради можни разлики во приказот на боите на екранот од вашиот уред, постои можност за минимално отстапување во нијансата на бојата при преглед на производот во живо.
Од моментот на вашата нарачка, производот го предаваме на курирска служба во рок од 24 часа. Според договорот со доставувачот, пратката се испорачува во рок од 1 до 5 работни дена. По испраќањето, ќе добиете СМС порака со број за следење на пратката.
Имате право на враќање на производот во рок од 15 дена од денот на превземање. Производот мора да биде неискористен и во оригинална состојба, придружен со сите документи добиени при испораката, за да се изврши замена или поврат на средства.
Доколку извршите преднарачка за производ што не е на залиха, потребни се до 7 работни дена за негова изработка пред да биде испорачан.
Нашите производи не подлежат на гаранција, бидејќи таа се однесува само на артикли кои содржат технолошки елементи. Сепак, добивате висококвалитетен производ изработен од премиум 16 мм оплеменета иверка, сертифицирана за издржливост и долг век на траење, над очекуваното.